Предлог за вкусен ручек: Супа од карфиол

За студентите денови најмногу би уживале во топла, вкусна супа. Со оглед на тоа дека карфиолот во овој период од годината е лесно достапен, ви предлагаме да си подготвите супа од карфиол, во која несомнено ќе се заљубите и ќе ја воведете во вашата редовна исхрана. 

Потребно ви е:

-1 голем карфиол (1,5 кг), исечен на парчиња
-½ лажица мелен кумин
-2 лажици маслиново масло, плус дополнително за преливање
-4 гранчиња мајчина душица
-1 кромид, ситно сецкан
-1 стапче целер, ситно сецкано
-1 чешне лук, рендано
-750-850 мл супа од зеленчук или пилешка супа
-100 мл неутрална хопла
-½ мала китка магдонос, ситно сецкана

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200/220 степени. Ставете ги парчињата карфиол во калап за печење со 1 лажица маслиново масло, ким и мајчина душица. Печете 15 минути или додека не порумени карфиолот. Отстранете ја мајчината душица.

Загрејте го преостанатото масло во тенџере и додадете го кромидот и целерот и пржете на средна топлина 10 минути, односно  додека не омекнат. Додадете го лукот и динстајте 1 мин. Додадете го карфиолот и хоплата и оставете да зоврие. Гответе 10 мин.

Сета смеса потоа блендирајте ја додека не се изедначи со помош на блендер или миксер. Зачинете по вкус. Сервирајте во чинии и одозгора поросете со магдоносот и уште малку маслиново масло.