Предизвик од 28 дена : Само една вежба за совршено тело

Нова година, нови цели! Време е за нов предизвик.

Ова е нешто што многумина го практикуваат како предизвик за новата година. 

Луѓето сметаат дека е важна за средниот дел од телото, а голем дел од луѓето одлучуваат да ја прескокнат во нивната рутина за вежбање, но тоа е грешка. Таа ќе го стопи салото од стомакот, ќе ги зајакне внатрешните и надворешните мускули на грбот, како мускулите на рацете, нозете и задницата. 

Станува збор за популарната вежба plank, односно вежба на издржливост, но поттикот во овој случај се состои во постепеното зголемување на времето. Најдобро би било да започнете со 20 секунди, а конечната цел да биде 4 минути без престан. Во завршната фаза, телото ќе биде подготвено за поголеми предизвици, а мускулната маса значително издефинирана. 

Но, треба да знаете дека многу е важно правилното изведување на оваа вежба. Кога ќе се подигнете на лакти, потпрете се на прстите на нозете, но најважно е горниот дел од телото да ви биде во рамна линија. Со правилно дишење контролирајте го средниот дел на телото, не дозволувајќи да падне. Тежината распоредете ја на лактовите.

Програма:

Ден 1 и 2 – 20 секунди

Ден 3 и 4 – 30 секунди

Ден 5 – 40 секунди

Ден 6 – одмор

Ден 7 и 8 – 45 секунди

Ден 9, 10 и 11 – 60 секунди

Ден 12 – 90 секунди

Ден 13 -  одмор

Ден 14 и 15 – 90 секунди

Ден 16 и 17 – 120 секунди

Ден 18 – 150 секунди

Ден 19 – одмор

Ден 20 и 21 – 150 секунди

Ден 22 и 23 – 180 секунди

Ден 24 – 210 секунди

Ден 25 -  одмор

Ден 26 – 210 секунди

Ден 27 – 240 секунди

Ден 28 – колку можете да издржите