Пред некој ден се обидов да се фрлам во Вардар, земав брзи кредити за да ја излечам сопругата, вели Миле од Велес

Миле Димов од Велес имал прекрасен живот со неговата сопруга до пред неколку години кога таа доживеала мозочен удар и останала во постела.

За да ја спаси Миле барал лек и во приватни болници, каде што вели дека само му ги земале парите, а состојбата на сопругата останала иста.

-Земав брзи кредити за да ја носам по приватни болници. Ми ветуваа дека ќе ја излечат, но ништо. Останав само со долгови, а жена ми е во иста состојба, вели Миле.

Миле вели дека бил даден и на извршители, па две третини од платата му ги земаат за долговите, а во моментов живее и во една мала соба која е сопственост на брат му со кого е во лоши односи.

-Не ми е сигурна ни собава во која живееме со сопругата. Не сум во добри односи со родителите и брат ми. Каде да одам со болна жена? Тешко ми е. Пред некој ден сакав да се фрлам во Вардар, но другар ми Тоше ме спаси, раскажува Милен.