Пред да си заминам засекогаш, сакам да ти го кажам само ова

Не можам да разберам зошто ми беше толку тешко да ти ги објаснам моите чувства кога бевме заедно. Гледам во тебе и во мојата глава поминуваат милион мисли. Понекогаш ти се дерам, друг пак те молам, но никогаш не можеше да излезе од мене тоа што го чувствувам за тебе. Ја отворав устата за да зборувам но ништо не излегуваше од неа. Мртва тишина, можеш да ме слушнеш како дишам, како се мачам, но без оглед на тоа колку пати се мачев, ниту еднаш не можев да ги најдам соодветните зборови. Ме прашуваш дали сум добро и што ме мачи, но ти велам ништо. Но, ралноста е поинаква.

Затоа, те молам да го прочиташ ова. Замисли ме во себе како тажна личност, каква што бев често додека бев со тебе и сфати дека ова е една од најтешките работи кои некогаш сум морала да ги направам.

Не можам да замислам свет во кој јас и ти не се заендо, но не можам ни да замислам да продолжам да функционирам со сета оваа болка. Многу сум повредена и не можам да го кријам тоа. Всушност, јас сум повеќе од повредена, разочарана сум и со скршено срце. Знаеш низ се што поминав во мојот живот со сите оние кои тврдеа дека ме сакаат и мислев дека ти нема да го направиш истото, но еве тука сме пак.

Ти ме расплака, сто и еден пат досега. Сепак, останав до тебе. Останав зошто секогаш повеќе им верував на твоите зборови отколку на твоите дела. Но, твоите зборови денес не вредат ништо.

Не знам како можеш наутро да се погледнеш во огледало знаејќи дека ја повредуваш девојката која толку многу те сака. Дали ти значи нешто тоа?  Жал ми е што ме споредуваш со другите, не поради тоа што сум толку многу поинаква од нив, туку поради тоа што те сакам.

Сакав да верувам дека си подобар од сите други, но твоите дела не го кажуваат тоа. Ти секогаш правиш како да не сум доволно добра и како нешто да не е во ред со мене. Ме тераш да си судам себеси и да мислам дека не вредам.

Кога ќе погледнам назад, ти не си истиот во кој се вљубив. Оној кој го засакав никогаш  не би ме третирал вака и никогаш не би засакала некој како тебе, доколку на почетокот го покажеше своето вистинско лице.  Сакам да врескам од болка, да ти се дерам, да те задавам, но тоа не ми вреди ништо. Сакам да те погледнам во очи и да те прашам зошто го правиш тоа, но знам дека нема да добијам одговор. Затоа е најдобро да си заминам.

Додека си заминувам, тајно ќе посакам да ме побараш, да се извиниш, да пробаш да се смениш. Но, знам дека сето тоа е бајка. Знам дека нема да го направиш тоа и знам дека реалниот свет не функционира така.

Сеќавај се на девојката која те сакаше толку многу и која ќе го дадеше целиот свој свет за тебе.