Младата мајка Филимена Бошковска Мишевска, која доби отказ среде породилно отсуство и барање да ги врати парите на државата, извојува победа во спорот.
Здружението „Гласен Текстилец“ информира дека правдата била задоволена.
-По увидот од доставените списи од страна на Државниот Трудов инспекторат, тој ја задолжил Агенцијата за вработување да направи исправка во М1/М2 образецот и да се промени основот на отказ. Односно со истек на определено време е известен и Фондот за Здраствено Осигурување за неправилностите во одјавата од страна на работодавачот, за што Филимена треба да го продолжи своето породилно отсуство и да не врати ниту денар во Фондот за здраство како што беше наложено во решението на ФЗО, велат од здружението.