Група граѓани поднесоа петиција со која се бара од Јавното обвинителство да бара најстрога затворска казна за Љубе Крстевски за мачењето и убиството на Феликс, како и строги казни за соучесниците, онака како што е веќе предвидено во Кривичниот Законик.
По ова вчера од ЈП излегоа со соопштение дека е покренато обвинение за две лица по мачењето и убиството на кучето Феликс.
Отпочнат е предмет против Љубе Крстевски и очевидците коишто, со своето пасивно набљудување на ѕверството на Љубе Крстевски над Феликс, се соучесници во убиството на Феликс,
- Јавното обвинителство да соработува со МВР и сите засегнати страни за прибавување на потребниот доказен материјал за да не се остави простор и ова злосторство да помине само со парична казна како до сега. Јавното обвинителство да ги вложи сите напори за да се избори за првата затворска казна за измачување и убиство на недолжно животно, онака како што е праксата во секоја нормална, развиена држава како што нашата претендира да биде еден ден, се наведува во петицијата.
- Должноста за нормалното функционирање е на сите нас. Граѓаните на оваа држава се јасни—бараме одговорност и строги казни. Однесувањето на Љубе Крстевски е осудено од нашето општество, не ја претставува нашата култура и традиција и не сакаме да биде нормализирано. Денес е Феликс, утре може да биде било кој од нас, додаваат групата граѓани кои бараат правда за Феликс.