Пратеник направил скандал на ГП Блаце: Никаде не чекам ред, па ни тука!

Вчера во 18.25 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“, 60-годишниот А.С. од Скопје, кој се претставил како пратеник во Собранието, на висок тон им се обратил на полициските службеници со образложение дека никаде не чекал ред и дека нема ни тука да чека, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

„На 27.02.2021 во 18.25 часот на Граничен премин „Долно Блаце“, А.С.(60) од Скопје, кој се претставил како пратеник во Собранието на РСМ и кој бил со неговото семејство со патничко возило „фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки, на висок тон се обратил на полициските службеници со образложение дека никаде не чекал ред и дека ни тука нема да чека. По целосно документирање на случајот, против А.С. ќе бидат изготвени поднесоци по член 4 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, по Законот гранична контрола (избегнување гранична контрола) и по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (престигнување колона)“, се вели во полицискиот билтен.