Познато во кој град ќе пее Антониа Гиговска за дочекот на Нова година

Антониа Гиговска за дочекот на Нова година ќе пее во Македонска Каменица. Преку ден ќе има настап во еден скопски ресторан во Градски парк. 

Градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменкова, најави дека годинашната новогодишна вечер на градскиот плоштад ќе биде одбележана со настап на познатата македонска поп-пејачка Антонија Гиговска. Настанот ќе се одржи на 31 декември, со почеток во 22:00 часот.

Новогодишниот концерт ќе се одржи на централниот плоштад, каде што се очекува голем број граѓани и гости да ја прослават последната вечер од годината. Општината ги повикува сите заинтересирани да присуствуваат на настанот.