Познато кој ќе ја наследи д-р Софијанова на директорската позиција

Откако вчера на барање на министерот за здравство, Беким Сали, оставки си поднесоа директорите на две универзитетски клиники – Клиниката за детски болести и Клиниката за радиотерапија и онкологија, веќе се назначени нови директори.

Како што дознава и пренесува „Фокус“, за нова директорка на Детската клиника е назначена д-р Стојка Нацева Фуштиќ, а на чело на Клиниката за онкологија застанува д-р Виолета Клисарова. 

Оставките пак вчера ги доставија директорката на Универзитетска клиника за детски болести, проф. д-р Аспазија Софијанова, и директорот на Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, д-р Никола Васев.