Познато кога ќе светне елката на плоштадот во Скопје - Ѓорѓиевски ги покани скопјани на заедничко палење на празничните светилки

Град Скопје најави дека годинава празничната магија се враќа на плоштадот „Македонија“.

Со богата програма, украсен амбиент и изненадувања за сите генерации, главниот град ќе го одбележи почетокот на новогодишните и божиќните прослави.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски упати покана до сите скопјани да бидат дел од заедничкото палење на празничните светилки, закажано за 15 декември во 18:00 часот.

Тој најави дека веќе од 16 декември ќе следуваат секојдневни настани и активности, кои ќе траат до самата Нова година.

Според градоначалникот, новогодишната ноќ ќе донесе спектакуларен дочек кој Скопје долго ќе го памети.