Кирил Пржо, еколог и професор по биологија, се огласи со неколку препораки и свои ставови, во однос на новите правила за употреба ма пластичните кеси во нашето општество.
-За вака елементарно еколошки неписмена нација, одлуката за укинување на пластичните ќеси за еднократна употреба беше пречекана со исмевање и гнев па еве малку а`кл муфте, пишува тој.
-низ светот денес се наоѓаат преку 8.3 милијарди тони пластичен отпад (Gayer et al. 2017)
-Пластиката се смета за најголем загадувач на животната средина
- Пластиката е најголем убиец на дивите видови животни (Blettler. 2021)
-Пластиката ги труе океаните и морињата (Sigler. 2014)
- Како што се распаѓа пластиката таа ја загадува водата и ги убива животните (Tetu. 2019)
-Човечките тела се полни со наталожена пластика (Proshad et al. 2018)
- Пластиката се сретнува во стомаците на трудниците (Ragusa et al 2021)
-Пластика се сретнува во телата на новороденчињата (Zhang et al. 2021)
- Намалувањето на употребата на пластични ќеси е само еден чекор до свет со помалку пластика. Не бидете вицкасти и неписмени. Престанете непотребно да купувате, фрлате и употребувате пластика, советува тој.