Познатиот еколог Пржо со аргументи за штетата од пластиката: Не бидете вицкасти и еколошки неписмени!

Кирил Пржо, еколог и професор по биологија, се огласи со неколку препораки и свои ставови, во однос на новите правила за употреба ма пластичните кеси во нашето општество. 

-За вака елементарно еколошки неписмена нација, одлуката за укинување на пластичните ќеси за еднократна употреба беше пречекана со исмевање и гнев па еве малку а`кл муфте, пишува тој. 

-низ светот денес се наоѓаат преку 8.3 милијарди тони пластичен отпад (Gayer et al. 2017)

-Пластиката се смета за најголем загадувач на животната средина

- Пластиката е најголем убиец на дивите видови животни (Blettler. 2021)

-Пластиката ги труе океаните и морињата (Sigler. 2014)

- Како што се распаѓа пластиката таа ја загадува водата и ги убива животните (Tetu. 2019)

-Човечките тела се полни со наталожена пластика (Proshad et al. 2018)

- Пластиката се сретнува во стомаците на трудниците (Ragusa et al 2021)

-Пластика се сретнува во телата на новороденчињата (Zhang et al. 2021)

- Намалувањето на употребата на пластични ќеси е само еден чекор до свет со помалку пластика. Не бидете вицкасти и неписмени. Престанете непотребно да купувате, фрлате и употребувате пластика, советува тој.