
Полицијата со детали за трагичниот настан денеска во Гази Баба. Како што претходно објавивме, маж починал додека возел.
- Денеска (06.05.2026) во 09:03 часот во СВР Скопје било пријавено дека во возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки на ул.„Перо Наков" бил пронајден починат Н.Ј.(62) од Скопје. Според пријавеното, тој починал додека го управувал возилото. Смрт констатирал лекар, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, информираа од МВР за Скопје Инфо.