Познат германски лекар открива: Ова се 5 природни начини како да ги спречите болестите

Познатиот германски доктор Ридигер Далке открива 5 различни начини како да ја спречите појавата на болестите.

Тој е автор на книгата  „Исцелувачка моќ на болестите” која е продадена во многу копии низ светот.

  1. Променете ја својата перспектива. Престанете да размислувате дека болеста е лоша и почнете да забележувате што ви говори телото. Секој ден трудете се да анализирате која е пораката која вашето тело ви ја испраќа. Што е тоа што ви е потребно? 
  2. Сменете ја исхраната. Намалете го внесот на мрсна храна и месо, како и непроверени нездрави намирници. Одвреме на време чистете го своето тело со пост или детокс програма.
  3. Сакајте се себеси. Бидете благодарни за тоа што го имате, но ценете го вашето тело како храм во кој живеете. 
  4. Простувајте. Не чувајте бес во себе, не гледајте со очај кон минатото и живејте во мир со себеси. Ослободете од емоционалниот товар кој е причина за многу болести.
  5. Секоја токсична работа која ја внесувате во своето тело гледајте ја како причинител за одредена болест. На пример, кога ќе запалите цигара или кога ќе испиете газиран пијалок. Пробајте да ги намалите лошите навики за да живеете подолго.