Позитивните ефекти од употреба на Sinceritas CBD 20% маслото со целосен спектар - сега со подарок брз антиген тест за Вашето следно патување

Фармаколошката ефикасност на CBD (канабидиол) досега е проучувана кај: кардиоваскуларни, невродегенеративни, малигни и метаболни нарушувања што вообичаено се поврзани со оксидативен стрес и воспаленија. CBD има докажано антиоксидативно, противвоспалително и имуносупресивно дејство.

Во разговор со истакнати македонски специјалисти-лекари, овие позитивни ефекти на CBD се потврдуваат.

Според ас. доц. д-р Никола Ѓорѓиевски (специјалист - нефролог), здравјето претставува целокупна физичка,  психичка и социјална благосостојба, а не само отсуство на болест и телесни недостатоци.

Тој вели дека: „Употребата на производот Sinceritas CBD 20% масло од канабис екстрахиран од природните супстанци на самото растение (Cannabis sativa L) ја истакнува фармаколошката ефикасност во голем број здравствени нарушувања (онколошки, кардиоваскуларни, метаболни и други) и учествува во процесот на редукција на оксидативниот стрес преку своите докажани противвоспалителни својства.“

Доц. д-р Марија Гоцевска (специјалист - физијатар), пак, оценува дека „CBD 20% маслото е исклучително богато со незаситени масни киселини што позитивно делуваат кај воспалителни процеси на мускуло-скелетниот систем. Може да се употребува за ублажување на одредени акутни болни состојби. Благодарение на висококвалитетниот состав, Sinceritas CВD 20% маслото делува на рецепторите за болка и може брзо и ефикасно да ја редуцира хроничната болка во зглобовите. На тој начин би се подобрил функционалниот статус, но и квалитетот на животот на пациентите. Најновите истажувања го потврдуваат анелгетското дејство на CBD маслото и укажуваат на неговиот безбеден профил во олеснување на симптомите кај ревматоидни заболувања.

Правилна употреба на производот SINCERITAS CBD 20% масло

Производот се зема независно од оброкот: една капка 4-5 пати во текот на денот под јазик, се задржува 30 секунди пред да се проголта. Да не се надминува максималниот дневен внес од пет капки дневно, што одговара на 50 mg препорачан дневен внес. По отворањето да се чува на ладно место и да се користи во текот на два месеци.

Sinceritas CBD 20% маслото со целосен спектар е достапно во сите подобро снабдени аптеки, а во следниот период на летни одмори и патувања надвор од државата на подарок добивате 2 х NASOCHECKComfort SARS-CoV-2 комплети брзи тестови за самостојно испитување антигени.  

Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употреба и несаканите дејства на граничниот производ консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.