Позитивни ученици и наставници има во Штип, Куманово, Охрид...

Најмалку четири ученици од Штип се новозаразени, еден наставник од Охрид, додека пак во Куманово има околу 30 ученици и 9 наставници кои се позитивни на коронавирусот. 

Оваа учебна година започна со физичко присуство на наставниците и учениците во училиштата. 

Во Штип, од почетокот на годината има осум позитивни ученици. 

Во Охрид, класовите кои имале часови со наставникот во ОСУ „Св. Климент Охридски“ одат во изолација. 

Од почетокот на учебната година заклучно денеска на ниво на Општина Куманово регистрирани се девет наставници позитивни на ковид 19, како и 30 ученици.