Пожарникари од Крива Паланка го спасија кучето кое беше влечено од автомобил, па фрлено во речно корито

Од Противпожарната екипа на Крива Паланка информираат дека кучето кое било малтретирано, потоа било фрлено во коритото на Крива Река од каде го спрасиле двајца пожарникари. 

- По добиена дојава за фрлено куче во бездна со тим од 2 пожарникари излеговме на лице место и пристапивме со негово извлекување и предавање на надлежните институции, кое по претходно малтретирање било фрлено во коритото на Крива Река. За жал уште една немила ситуација на изживување и измачување на животните!  - известија од Територијалната противпожарна екипа од Крива Паланка. 

Како што претходно објавивме, кучето било врзано и влечено од автомобил во движење