Пожарникар е повреден откако се запали училиште во скопско Ракотинци

Среде ноќ се запали објект во скопско село Ракотинци. 

Денеска (17.07.2025) во 03.27 часот во СВР Скопје е пријавено дека во село Ракотинци, скопско, настанал пожар во стариот објект на основното училиште. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат, а при интервенцијата со повреди се здобил еден пожарникар, кој е пренесен во здравствена установа за укажување на лекарска помош, соопштија од полицијата. 

Се работи на расчистување на настанот.