Пожар во угостителски објект во Тафталиџе

Рано утрово (05.01.2022) во 06.01 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во угостителски објект на ул.„Дрезденска“, сопственост на В.П.(38) од Скопје.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Се работи на расчистување на случајот.