Пожар во стан во Скопје, нема повредени

Вчера во 13:04 часот во СВР Скопје, од Бригадата за противпожарна заштита Скопје било пријавено дека на улица „Серава“ настанал пожар во стан на Н. Б. (36) од Скопје, при што било опожарено електричното броило.

Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Увид бил извршен.