Пожар во стан во Кисела Вода

Изби пожар во стан во населбата Кисела Вода. Извори на ММС велат дека гори стан на улица „Антон Попов“, а во него во моментот на пожарот биле две лица, кои се повредени и се пренесуваат во Клиниката „Мајка Тереза“.

Според очевидци како причина за пожарот се наведува заборен вклучен шпорет.

Според информациите со кои располага ММС, екипите се на терен, пожарот е изгаснат и веќе се расчистува. Нема голема штета. Викнавме превентивно Браза Помош, бидејќи имаше многу чад. Повеќе детали кога ќе се вратат колегите од терен, ни рекоа тие.