Пожар во подземна гаража, изгореа два автомобили во Скопје

Утрово изгореле два автомобили во пожар во подземна гаража.

-На 27.03.2023 во 06.57 часот во Полициска станица Карпош е пријавено дека во подземна гаража на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ настанал пожар при што биле опожарени патничко возило „форд фокус“ и патничко возило „мазда“, двете со скопски регистарски ознаки. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје, информира МВР.

Полициски службеници излегле на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.