Вечерва избувна пожар во парк-шумата „Гази Баба“ меѓу населбите Железара и Автокоманда.

На местото веднаш се упатени екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. Во меѓувреме, жители од Железара на социјалните мрежи споделуваат фотографии и видеа на кои се гледа густ чад што се издига од шумскиот појас.
Според информациите, на терен се упатени екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, кои интервенираат за локализирање на пожарот. Засега нема официјални информации за причините, ниту дали има опасност за околните населби. Се очекуваат повеќе детали од надлежните институции.