Пожар во Гази Баба, изгоре автомобил „Ауди“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 03.45 часот во Полициската станица Гази Баба, С.А.(36) од Скопје пријавил дека околу 03.15 часот пред неговиот двор на подрачје на Гази Баба настанал пожар на неговото возило „ауди“.

Повредени лица нема. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.