Во општина Кисела Вода, во населбата „11 октомври“ денеска гореше барака, во која, во моментот на пожарот имало луѓе кои за среќа не се повредени, информираа Командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита Звонко Томески за МИА.
Како што соопшти, Томески, пожарот започнал од оџак во бараката, а интервенцијата била брзо завршена.
Во гаснењето на пожарот учестувале седум пожарникари, со две противопажрни возила.