
Вчера гореше ниска вегетација во близина на парк-шумата Гази Баба. Како што информираа од Центарот за управување со кризи, активни се и пожарите во Гази Баба, населба Сингелиќ каде гори ниска вегетација и ѓубре и во село Горно Лисиче каде гори ѓубре и ниска вегетација.
- Денеска во 19:15 часот, преку Единствениот број за итни случаи 112, е добиена пријава за пожар на отворен простор во близина на последната автобуска станица на линијата 16, во непосредна близина на парк-шумата Гази Баба. Гори ниска вегетација. За настанот се известени екипите на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, кои се упатени на терен за интервенција, информираа вчера од ЦУК.
Пожарот во Арачиново каде гореше јиска вегетација и ѓубре е изгаснат, известија надлежните.