
Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски синоќа информираше дека до градинката и училиштето Св. Климент Охридски повторно бил подметнат пожар.
Тој во своајта објава на социјалните мрежи се прашува до каде ќе оди лудоста?
„Брзата реакција на полицијата и пожарникарите веднаш го локализираа новиот опасен пожар. Дефинитивно станува збор за подметнување со цел опожарување на ново изградената детска градинка. МВР силно работи на расветлување на случајот, ќе бидат поставени и целовечерни полициски патроли. На терен ќе биде и општинскиот кризен штаб, истакна Костовски.
Тој додава дека тоа што го изградиле треба да го чуваат и дека ваквите неразумни пориви нема да не донесат никаде.