Пожар избувнал во близина на манастирот ,,Свети Ѓорѓија” во Кучково

Пожар избувнал во близина на манастирот ,,Свети Ѓорѓија” во Кучково.

Како што информира МВР, вчера во 14,20 часот било пријавено дека во скопското село Кучково на местото викано „Перија“ од манастирот „Свети Ѓорѓија“ во правец кон селото Грачани, од засега непознати причини избувнал пожар при што горела сува трева и нискостеблеста шума.

Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот во 15,30 часот бил целосно изгаснат