Позади секој среќен човек стои неговата одлука да биде среќен

Позади секој среќен човек стои неговата одлука самиот да ја пишува својата животна приказна, не дозволувајќи им на другите да му кажуваат што мора да прави и во што треба да верува. 

Позади секој среќен човек стои неговата одлука дека усреќувањето на другите значи дека во среќата на другиот ќе ја пронајде својата среќа. Зад него стои и одлуката да не се занимава со туѓиот живот, да не го бутка носот во тоа што некој направил, туку да ужива во својот живот. 

Позади секој среќен човек стои неговата одлука да верува дека доброто доаѓа дури и кога околу него има многу проблеми и дека само треба да биде трпелив и да не се откажува.

Позади секој среќен човек стои неговата одлука каков ќе биде секој нов ден, затоа што денот не зависи од околностите од луѓето кои се наоѓаат на нашиот пат, туку само од нас и од она што планираме да го направиме тој ден. 

Позади секој среќен човек стои неговата одлука никогаш да не престане да се забавува, сфаќајќи го животот како игра, а некако борба, сфаќајќи го животот како можност да се сакаме, а не да се споредуваме. 

Позади секој среќен човек стои неговата одлука да престане да им се објаснува на другите околу тоа кој е во право, а кој не и зошто ги прави работите што ги прави, туку само да им даде до знаење дека треба да ги прифатат работите онакви какви што се.

Позади секој среќен човек стои неговата одлука да направи нешто што другите рекле дека е невозможно, само за да им докаже дека во неговата глава и неговите уверувања нема никаква граница. 

Само така може среќно и исполнето да го живее својот живот.