Повторно заѕвоне ѕвончето за оздравување: Малата Мила заминува дома

Малата Мила денеска заѕвоне на ѕвончето за оздравување и тоа значи дека ја победила болеста и заминува дома. Мила клоцна една голема грижа. По Румеса, Мила е второто детенце кое овој месец заминува здраво и живо дома. 

Многу мила, една мала Мила ! Денес и на оваа прекраснотија и велиме збогум и се гледаме кога ќе пораснеш голема девојка, кога ќе станеш докторка и кога и ти ќе лекуваш дечињата, стои во објавата на видео. 

Веста беше споделена на фејсбук страната на организацијата Сано која преставува здружение на родители и пријатели на децата лекувани од рак и нивните семејства, соединети во мисија за подробрување на квалитетот на лекување и животот на заболените деца и нивните родители. 

 

Многу мила, една мала Мила ! Денес и на оваа прекраснотија и велиме збогум и се гледаме кога ќе пораснеш голема девојка, кога ќе станеш докторка и кога и ти ќе лекуваш дечињата. Денес клоцна една голема грижа, така и треба :) #DetskaKlinika

Posted by SANO on Wednesday, April 8, 2020