
Од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) информираат дека сообраќајот е целосно во прекин на магистралниот пат А3 Битола – Ресен, кај населбата Баир во Битола.
Од 14:30 часот на магистралниот пат А3 Битола – Ресен, кај населбата Баир во Битола, патниот сообраќај е запрен поради јавен собир, а возилата се пренасочуваат низ градот Битола, соопштија од АМСМ.
Претходно во текот на денот, истата група граѓани протестираше и пред зградата на СВР Битола. Причина за блокадата е законот кој неодамна стапи на сила, а се однесува на одземање на возилата доколку се вози без возачка дозвола.
Инаку, вчера групи граѓани од ромска националност со палење гуми, дрва и отпад блокираа повеќе патишта низ државата, при што упатуваа и сериозни закани.