Повторно прекрасни вести од д-р Чадиковски: По 85 денови, бебето е повторно со својата мајка

Во целото сивило со кое сме опкружени поради пандемијата, среќните вести кои д-р Владимир Чадиковски ги споделува на социјалните мрежи се искра на светлина. 

Овојпат, тој нè израдува со прекрасна информација дека на бебе му е направена успешна операција и тоа е веќе со својата мајка. 

Би сакале што почесто да слушаме вакви убави нешта и секако, им честитаме и на докторот и тимот, но и на семејството за оваа среќна и успешна приказна.