Повторно гори дивата депонија во Ѓорче Петров кај Ново Село

Утрово голем дел од скопјани се разбудија со остар мирис на чад. Ова посебно го почуствуваа жителите на Ѓорче Петров и Карпош и оние кои се наоѓаа по течението на Вардар каде што отровниот облак од густ чад се распосла со цел да го зачини и разубави и овој викенд на жителите на главниот град.

Оваа депонија е една од најголемите во градот и за сега ниту општинската ниту градската локална самоуправа не успеа да најде решение за неа.

До депонијата се наоѓа и пречистителната станица за отпадни води која исто така беше неколку пати посочувана како еден од загадувачите за што сведочат и дел од граѓаните кои велат дека од неа во текот на вечерните часови се шири непријатна смрдеа на канализациски систем.

Иако пожарната екипа до сега навремено реагираше се чини дека треба пожарот да завземе поголем замав па да се реагира.