Повредени тројца полицајци во сообраќајката на „Рузвелтова“

Во сообраќајката која се случи на крстосницата меѓу „Рузвелтова“ и „Орце Николов“ повредени се тројца полицајци. 

До несреќата дошло откако полициското возило, поради непознати причини, изгубило контрола, удрило во такси-возило и се превртело. 

Полициските службеници итно биле пренесени во болница. Увидот траел до раните утрински часови, а утрово уништеното возило е отстрането од „Рузвелтова“ со помош на „пајак“.