Повредени две лица откако автомобил излетал од магистралниот пат Градско - Прилеп

Вчера околу 09.00 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на магистралниот пат Градско-Прилеп, на делница Градско-Фариш, патничко возило „фолксваген голф“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.С.(71) од Струмица, излетало од коловозот.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и неговата сопатничка С.С.(73) од Струмица, констатирани во Општата болница Кавадарци“, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кавадарци.