Повредена жена во сообраќајката кај Хиподром

Во сообраќајната несреќа што утрово се случи пред клучката Хиподром, според првичните информации на полицијата, има повредено едно женско лице и таа одма е префрлена во Ургентниот центар во Скопје.

Според првичните информации сообраќајката се случила меѓу четири патнички возила, еден камион и автобус. Два од автомобилите се со скопски таблички, едно со велешки и едно со прилепски таблички, додека товарното возило е со охридски таблички и автобусот со скопски регистарски таблички.

Сообраќајката во полиција е пријавена во 7:40 часот.

На местото се уште се врши увид и сообраќајот се одвива отежнато по една коловозна лента-информираа од МВР.