Повредена скопјанка, возило удрило во неа додека возела велосипед

На 17.05.2022 во 14,25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Призренска“ во Скопје, патничко моторно возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(71) од Скопје, удрило во велосипедистка С.Г.(50) од Скопје.  С.Г. била пренесена во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.