Повреден моторџија во сообраќајка со камион, оштетено и паркирано возило

Вчера во СВР Тетово била пријавена сообраќајка помеѓу камион и мотор каде со тешки повреди се здобил возачот на моторот. Во оваа собраќајќа било оштетно и возило кое било паркирано.

„Вчера во 15.35 часот во СВР Тетово, било пријавено дека на ул.„Иво Лола Рибар“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа во која учествувале товарно возило „ман“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(44) од с.Ларце, тетовско, мотоцикл управуван од Р.И.(64) од Тетово и патничко возило „форд фокус“ со тетовски регистарски ознаки, паркирано од Н.М.(57) од Тетово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Тетово“, се вели во извештајот на МВР.