Повозрасно лице физички нападнало деца-соседи во Ѓорче Петров

На 13.05.2021 околу 15.00 часот во СВР Скопје, М.Т.(37) и В.Ј.(41), двајцата од Скопје, пријавиле дека околу 14.10 часот на подрачје на Ѓорче Петров нивните малолетни синови, поради меѓусоседско нетрпение, биле физички нападнати од П.Г.(80) од Скопје.

Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.