
49-годишен скопјанец синоќа пријавил дека неговата малолетна ќерка била физички нападната од повозрасно лице.
Како што се наведува во полицискиот билтен, синоќа во 21:00 часот во СВР Скопје, Љ.М.(49) од Скопје пријавил дека околу 10:20 часот на подрачјето на Кисела Вода, неговата малолетна ќерка била физички нападната од едно повозрасно женско лице.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.