Повлечени небезбедни сладоледи: Ако сте купиле „Милка“ или „Кит Кат“, не ги јадете

Сладоледите „Kит кат“ и „Mилка“ од денеска се повлекуваат од продавниците бидејќи при контрола на АХВ се покажало дека се небезбедни за здравјето на граѓаните. Според АХВ, во магацините на увозникот АЛМА М, било констатирано дека производите содржат етилен оксид, супстанца која е потенцијален ризик по здравјето на луѓето.

Станува збор за сладолдите „Кит кат стапче“, „Милка ванила и чоколадо“ и „Милка чоколадо со лешник стапче“.

„Горенаведените производи, во количина од 3.080 литри и 30.064 парчиња, при контролата од инспекциските служби на АХВ, затекнати се во магацинот на увозникот. Небезбедниот сладолед е ставен под службен надзор, односно забрането е негово ставање во промет. Крајните потрошувачи кои ги имаат купено горенаведените производи со сериски број/лот, апелираме да не ги конзумираат и истите да ги вратат на местото од каде ги купиле, или нештетно да ги уништат”, велат од Агенцијата за храна и ветеринарство.