Повик за уметници за изработка на концепт за „Skopje light festival 2022”

На 2 и 3 септември годинава ќе се одржи петтото издание на Фестивалот на светлина, „Skopje light festival“ и по тој повод Град Скопје и ЈУ Универзална сала – Скопје објавуваат јавен повик за избор на предлог концепти за новото издание на фестивалот, пишува Радио МОФ.

Право на пријавување на конкурсот имаат сите артисти чиј главен мотив во нивната работа е светлината. Конкурсот трае до 14 јули, а оние кои сакаат да аплицираат за истиот тоа треба да го направат официјалниот емаил на фестивалот: lightfestival@univerzalnasala.com.mk или во адресирано плико по пошта до ЈУ „Универзална сала“ бул. „Партизански одреди“ 45, или лично во архивата на ЈУ „Универзална сала“.

„Темата на годинешното издание е токму рефлексијата која не поттикнува да ја истражиме светлината, да ја почувствуваме и да уживаме во нејзиниот пат. 5 Фестивал на Светлината во Скопје ќе биде првиот на кој учество ќе земат исклучиво домашни артисти а ќе биде проширен со ревијални учесници“, се вели во соопштението за повикот.

Трудовите ќе ги оценува стручна комисија, а за резултатите од Конкурсот, одбраните учесници ќе бидат информирани по е-маил, најдоцна до 15.07.2022 година.