Секој родител живее за насмевката на своето дете… а јас, веќе подолго време, се борам да ја видам насмевката на моето дете повторно, вели таткото на четиригодишниот Никодим.

Photo by Hanna Morris on Unsplash
Мојот син има само четири години, а веќе помина низ болки што ниеден возрасен не би ги издржал. Пред една година ја преживеа својата најтешка битка – операција на тумор на главата и поставување шант. Сите се надевавме дека тоа ќе биде крајот на страдањето, дека конечно ќе започнеме ново поглавје, без болка, со надеж.
Но, животот повторно ни го скрши срцето. Туморот се врати – овој пат двојно поголем и многу поагресивен.
Никодим сега е во критична состојба и му е потребна ИТНА операција, по што ќе следат хемотерапии и радиотерапии. Професорот ни кажа дека времето е клучно и дека секое одложување може да го чини животот на моето дете.

Или преку фондацијата Павел Андреев на следниот линк.
За овие родители, секој ден е голема борба, желба за надеж, но и повик за помош. Да покажеме дека сме тука за ова мало ангелче кон кое животот покажал силна суровост.
Секоја донација, секое споделување, секој збор на поддршка е дел од неговата борба за живот.
Да се обединиме и да му ја дадеме шансата која секое дете ја заслужува – да живее, да расте, да се смее, да си игра без болка.