Повеќевековна исконска убавина - Марков Манастир (фото)

Ве носиме на прошетка во повеќевековниот споменик на духовниот живот во Македонија. Женскиот манастир или Марков Манастир сместен во живописниот пејзаж на само 20 километри од Скопје.

Марков манастир е православен манастир кој се наоѓа јужно од селото Маркова Сушица, по долината на Маркова Река на нејзиниот лев брег. Манстирот е активен и во денешно време, а во него суштествува женско монашко сестринство. Во самиот манастир се наоѓа црквата Св. Димитрија и импозантната камбанерија.

Како најважен сочуван изворен документ за изградбата во Марковиот Манастир претставува натписот над јужниот влез внатре во црквата, кој дава податоци за изградбата на манастирската црква и нејзините ктитори. Натписот ја има следната содржина:

"Се обнови овој пребожествен храм на светиот великомаченик христов победоносец и чудотворец Димитрија, со усрдието и поспешението на благоверниот крал Волкашин и со благоверната кралица Елена и со премногу љубените нивни ќерки и синови благоверниот крал Марко и Андреаш, Иваниш и Димитар во годината 1377. А овој манастир почна да се ѕида во 1345 во дните на благоверниот цар Стефан и христољубивиот крал Волкашин, а се заврши во дните на благоверниот и христољубивиот крал Марко."