Повеќе видови дрога пронајдени при претрес во дом на 23-годишен аеродромец

Дрога пронајдена во дом на млад скопјанец. 

- На 20.01.2025 во 12.30 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(23) од Скопје. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени прашкаста материја, марихуана и семки, соопштија од полицијата. 

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.