Повеќе улици без струја денеска - ЕВН со прекини во две скопски општини

Делови од две скопски општини денеска со прекини во снабдувањето со електична енергија. 

Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

– во периодот од 08.00 до 12.00 часот, корисниците од улиците Хо Ши Мин, Приштинска, Призренска, Марко Крале, Љубо Петровиќ и Бутелска, општина Бутел;

– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од булеварот Борис Трајковски – зградите спроти Расадник – Трим и Лум, Елена Лука и други, како и дел од корисниците од улицата Михаил Чаков, општина Кисела Вода.