Бројни вљубеници во нејзиното творештво и колеги, но и други личности од јавниот живот, се простуваат од писателката Оливеа Николова, која почина денеска на 88-годишна возраст.
Можеби најпрвата асоцијација за Николова е култната книга за деца „Зоки Поки“, која повеќе од половина век е задолжителна лектира во основните училишта, а според истоименото дело е снимена и телевизиска серија која децата ја обожаваат.
Книгата оригинално е објавена во 1963 година од страна на „Детска радост“.
„Зоки Поки“ е преведена на српски, романски, украински, чешки, италијански, словенечки, турски, шведски, албански и германски јазик.
Уште при првото издание, книгата добила многу поволни критики и била означена како големо освежување во македонската детска литература. За неа, Јадранка Владова истакнала: „Зоки Поки“ е вистински текст-меѓник и несомнена иновација во македонската книжевност за деца... текст кој, пред сè, го почитува детето... прекрасен текст за раснењето... за универзалните, за општите места на детството...
Агенцијата за филм во 2018 година одобри 19 милиони денари за снимање на истоимена ТВ-серија, во режија на Александар Поповски, а во продукција на „Кино око“.
Телевизиската серија „Зоки Поки“ е модерна екранизација на лектирата за Зоки, неговата другарка Лидија и сите нивни другари, која со задоволство за следеа и децата и родителите.