Повеќе од 160 локални улици асфалтирани во Гази Баба за време на мандатот на Стефковски

Градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски соопшти дека за време на неговиот мандат се асфалтирани повеќе од 160 локални улици и вети дека годинава ќе се асфалтираат нови 50 улици. 

Тој денеска направи увид на градежните работи за асфалтирање на улица 4 во населеното место Раштак.

- Оваа улица никогаш досега немала афалт, а жителите газеле во кал.По завршување на градежните работи во Раштак ќе следува асфалтирање на улици и во скоро сите населени места на територија на општина Гази Баба. На улиците каде што неможе да се изврши асфалтирање, истите ќе бидат направени со павер елементи, порача од терен Стефковски. 

Додава дека инвестиции во подобрување на патната инфраструктура во изминатите три години се реализирани како никогаш претходно.