
Утринските температури утрово се движат -5 степени во Берово до 5 степени во Гевгелија. -1 степен Целзиусов биле измерени на Попова Шапка, Маврови Анови, Крива Паланка и Лазарополе, 0 во Струмица, Скопје-Петровец, Охрид, Демир Капија, Битола и Тетово, 1 степен во Претор, Штип, Прилеп и Велес, 2 степени во Крушево, Кавадарци, Куманово и Виница, а 3 степени во Скопје на Зајчев Рид.
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 25 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала облачност и слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 24 степени.