
Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информираа дека Куманово со околината е зафатен со нестабилна облачна маса проследена со умерен до засилен дожд и грмежи.
На југот од Македонија сеуште има нестабилност во Валандовскиот регион а од североисток кон Струмица полека се спушта нестабилна облачна маса.
Исто така, од УХМР нешто порано информираа дека кон Валандовскиот регион се движела нестабилна облачна маса проследена со пороен дожд , грмежи и наместа појава на град, а со нестабилност бил зафатен и делот североисточно од Демир Хисар и по планинските делови на истокот, североистокот и југоистокот на Македонија.